letras.top
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

letra de premnogu prashanja - dudo

Loading...

дудо – премногу прашања

[verse 1]
како започнало се, зошто започнало се
дали со некаква цел, како постои се
кој е на свеста корен, како е животот створен
спонтан производ на природа или не, тогаш што е

ништо е се што знам, сум само миг од вечноста
денес последица, причина во бесконечноста
но којзнае, што ако избрав ако судбината ни е фиксна
којзнае, дали кон слободна мисла било кој има пристап

мпжеби сме само гости во матрикс на 3 оски
во фиксен систем по минковски, можеби творецот не фрла коцки
асимптотски се доближувам до одговор недостапен
да постојам сум оставен, да не знам зошто создаден

и што е постоење, како постоиме, зошто сме овде
што е свест, како си оди таа и што има после тој ден
и дали оските се 3
дали ако тргнеш по една право пак би дошол каде што си ти

можеби не се, а и моите мисли не се раат
тешко да претстават и бескрајност и тесеракт
тешко да претстават и простор и време
тешко да претстават што пред нив и што по мене

[chorus 2x]
премногу прашања, но премалку одговори
многу теории, претпоставки, зборови
сакам се да знам на секоја тема
па трагам по одговори кои може и ги нема

[verse 2]
сакам да заминам, но дали план имам
која патека е исплатлива и правилна
и што ќе земам, како ќе патувам
се што собира во ранецот вреди ли да го спакувам

дали само ако пробам би знаел дали ќе згрешам
дали проблем што го разбирам можам и да го решам
дали да бидам алчен, дали динамичен
да се базирам ли на инстинкти ако сум временски ограничен

цената на не знаењето е скапа
безброј начини да ја платам, кога би видел се ќе сфатам
а до тогаш ќе речам np, ама тешко
иако нема двосмисленост многу ќе ме сфатат грешно

само се таложат дилемите
а не сме ни до планк, де броли, хајзенберг ни шредингер
во свет прецизно наместен во кој што мислиш знаеш се
зошто 2,71 и 3,14

грешка на минимум во еквилибриум
склопени во временско-просторниот континуум
или не, да наздравиме за универзумот
и без умот и лом ќе правам се на што ќе не сум горд

[chorus 2x]
премногу прашања, но премалку одговори
многу теории, претпоставки, зборови
сакам се да знам на секоја тема
па трагам по одговори кои може и ги нема

[verse 3]
а дали се битни овие ствари
на кој му е гајле уствари
склопи јаглерод и водород со oh група – погодок
за проводот да оди подобро, да мислам слободно

проводот да оди ама јас не
со рандом женски битија да општам упропастен
и дур има прашања за свест и за живот
јас несвесно и лом да го живеам инстинктивно

[chorus 2x]
премногу прашања, но премалку одговори
многу теории, претпоставки, зборови
сакам се да знам на секоја тема
па трагам по одговори кои може и ги нема

letras aleatórias

MAIS ACESSADOS

Loading...