letra de životot e ubav - tonyo san
[скречови]
[строфа 1:]
израснав во место каде не би сакал да ти расте дете
немав многу материјално да се пофалам ко тебе
сепак ете среќен иако богат не бев
се задоволував со картун нетворк дома кога седев
сепак во семејството, па баш и не беше се мед и млеко
имаше проблеми на куп, растев во тензија, си реков
да си го фокусирам умот позитивно
додека се околу мене беше диво ја бев питом
како битот, јас не бев во жирито
секогаш ме судеа како требало да било
сепак мал бев а сватив мој живот-тука јас сум пилот
па бев за едно ниво погоре, бев како птица
со едно крило, за другото сум малолетен
се справував со проблеми на возрасен а бев само дете
твоите бетер, имав другари што местат тепачки
за да ме видат дали сум тука за нив
понекогаш се враќав дома од заобиколен пат
за да не учествувам во подла игра пак
учев школо во бутел да ги избегнам невољите
незнам зошто ко да видов таму повеќе
татко ми ме учеше за да не се срамам
од тоа што сум, од тоа каде живеам
и дека сиромашен сум
моите другари паѓаа години во школо
можеби затоа не бев среќен никогаш
штом земам сведителство
признавам ми беше тогаш нејасно
бев дете, сега сум полнолетен ете
мислев дека се ќе биде полесно
ќе биде појасно, пази како гази времето
што иде покасно…
[рефрен x2]
колку и да сме тажни денес утре ке се смееме
колку и да е мал светов е добро место за живеење
колку и да сум немоќен би правел чуда
колку и да е тежок животот е убав
[строфа 2:]
еве ме денес имам 18 сум полнолетен
средно баталив па кој момент е сега следен?
сите што се дружевме по 4 години сега се надвор
студираат во странство, а јас немам пасош
немам пари да студирам таму
значи факултетот ќе го немам како опција
на патот треба кеш, нема работа се движам пеш
се уште живеам во чаир веќе скоро 20
ниту тој стан не е на наше име гледаш
во секој миг можам да бидам истеран
од мојот србин дедо, нема да бегам
од невољите што следат но ги има толку
многу веќе не знам што попрво да средам
а ми тежат уште сега, пратиш како крати
времето кога е среќа, само тагата ко да е вечна
скопјево ме депресира мора да го најдам излезот
мора да бирам меѓу шансата да бидам некој и нешто
или да работам ко аргат бедно се за едно евро дневно
ќе работам на случајот секојдневно
завршив средно-уметничко, сега што да правам со талентот?
колкав ми е процентот за да успеам
во земјава кога би цртал вешто?
види какви проблеми ми носи времето
од како пораснав размислувам за животот
и што би направил во него сега се е големо
ако запреш сите останати се напред
значи ти си минато, тоа е животот
во мојте очи, колку што е сладок толку и ми горчи
[рефрен x2]
колку и да сме тажни денес утре ке се смееме
колку и да е мал светов е добро место за живеење
колку и да сум немоќен би правел чуда
колку и да е тежок животот е убав
[скречови]
letras aleatórias
- letra de spiritual solution - world music
- letra de gefühle sterben niemals - vanessa neigert
- letra de eyes - ours
- letra de maglione red - becks
- letra de clingfilm - packs (ca)
- letra de ride for me - ian finesse
- letra de let it die - apocalypse
- letra de don't get it twisted - navy blue
- letra de bootcamp - symba
- letra de tonka truck - hi yello