letras.top
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

letra de aku - tonyo san

Loading...

одејќи го патот на самурајот, налетав на противник
кој душевно и духовно ме порази за миг
а кога ми се појави првиот пат
џака имаше концерт, јас тогаш го запознав
демоска врста на страв што ме прави опседнат
ме зема на пик и прави негов лик да погледнам и да се заробам сам
од другите побарав помош, сакав да ме излечат но го имав него и во сонот
а паметно е злото, направи да никој не ми верува, а тоа дупло ме повредува
така е и сега, малку луѓе знаат што зборам
но почнувам да сфаќам како може да го победам
но тешко е сам, а нема друго
ќе мора да се соочам со него грубо
без его духот и без ехо туѓо
да се сконцентрирам, да се помирам со фактот дека оттука сум сам
почнувам со припрема, ќе треба многу работи да изменам
и поправам, да можам да го поразам
првото што треба да го направам е ебано заебано, ќе треба да се исшишам
а нема излез, суканиците собираат енергија
а непријателот е негативната енергија вовлечена во косата
а нема друго мора да ја отстранам во ќеса етра
друго што ќе жртвувам е исто работа која ја сакам
работа која ја негувам и калам
работа поради која постои грин аут
поради која не се прибирав дома ко да сум скаут
зборувам за малата зелена торба
ќе морам да се разделам од неа, збогум, не се лути те молам
но ти во моментов ми правиш параноја, а демонот има корист од тоа
ме јаде кога не се борам
а ти си толку мирољубива, што мора да те напуштам, да отидам во борбата
не смеам да дозволам да бидам уморен, да бидам надвор по цел ден
не смеам да бидам неспремен, а имам работа со демон
не му делувам на светот се поради него
и нема време за губење веќе зошто не можам да бидам веќе весел, а ни среќен
барам длабоко во себе, а тој е внатре
телото мирува во медитација за душата да запре
да го најде барајќи во умот, психата е поле на војна и ете го него на друмот
полн со црна магија и специјални оружја, а мојта душа има само една катана
цврсто застанав очи во очи, тој изгледа пострашно од сите кошмари во црни ноќи
се вклопува во атмосферата која е чиста темнина, само мојата душа е бела и светлива
тој има предност, се камуфлира
како да го исечам на пола кога не можам ни да го видам?
но се бранам кога напаѓа со сета сила
само не знам до кога ќе можам вака и да бидам сконцентриран
веќе почнав да губам и сум повреден, ме прободе
што повеќе го лутам – повеќе губи контрола
не му е јасно како се уште на нозе стојам и ранет уште се борам
се уште не губам надеж, ми треба само еден потег
ми треба само еден напад, само еден момент
а тој е токму сега, напаѓа кон моите гради
скокам во воздух и имам удар кој што не се брани
катаната поминува со брзина на светлина од главата до стомакот сечејќи на половина, делејќи го на два дела
на земја стапнувам додека демонот преполовен исчезнува
полека ја снемува темнината во мојта психа
конечно сонцето ќе може да го видам
небото се чисти, а демонот е убиен
му благодарам на господ кој ми даде знаење и сила, надеж
и што беше со мене во мракот, без тебе не можев да продолжам се загубив на патот
но се враќам посилен да продолжам да чекорам на самурајскиот пат што ќе го одам до крај
знам дека ме чека друга пречка, ме чека друга војна
ме чека битка тешка и ме чека нова борба
знам, така ќе биде па се до крајот
тонио сан по патот на самурајот

letras aleatórias

MAIS ACESSADOS

Loading...