letra de nepoznatoto - tha titanium
[интро: кискинов]
чим длабоко допреш, во твојот најтемен копнеж
има ли линија меѓу тоа што го посакуваш и тоа што можеш?
светот е овде, а ти во него тонеш
исто како твојата идила која е затрупана со секој нов ден
ако долу е народот, горе е законот
а тоа што го пронајде во тебе скриено е тоа, непознатото
а сака да се дигни над ѕигли изградени од ставови и мисли
на мозоци задоволни во окови, сега остај непознатото да говори
со мисла нагоре не останувам заробен
во мене затворен, го слушнав екот
отварам сетила да се соединат
со цела средина, го допрев векот
[рефрен 1: el borracho]
сум непознатото, чуден е нагонот
сум непознатото, во мене…
сум непознатото, чуден е нагонот
сум непознатото….
[строфа 1: el borracho]
јас сум open minded
и ти ќе бидеш штом те поминам со скалпер
лице врело и во очи свети пекол
ајде кажи ми сега зошто ме роди мајко ваков демон?
виси гобленот, со светецот на него
го чувам над кревет, за мене тоа ми е најсвето
па ќе ми прости, за сите мои дела
господ гледа, го гледам, во црни одела се смеат
бели ангели, камени високи порти
отвори се сезаме носам цели полни торби
делови од тела ќе ги зашијам во едно
па ќе ги депонирам сред центар, пред нос
па можи ќе му препознаеш некој дел на твојот брат
татко, вујко, тетин, чичко
немој да ме мразиш неам ништо лично
ја само корегирам дефекти на личност
јас сум психо, идам тивко
исто како мудри воини од исток
моите дела ги читаат ко свето писмо
а не ни слуша во другата соба мајчин врисок
напиши писмо, дека си замина
па дојди со мене ќе те носам во планина
близу до граница, остварив бизнис
продај му на грко црн дроб, оти сме блиски
гледаат искри
сечило остро полесно ќе врви низ нив
имам колеги, работат без анестезија
работат на црно и работат за пензија
валкан е лебот работен за егзистенција
па зарем првпат ја слушаш оваа лекција
роден за бизнис, животот те кошта
колку си спремен да платиш брат за твојот орган
[строфа 2: кискинов]
веќе не делува алкохолот, отрпнат е мозокот
секојдневна навика ко паразит е порокот
веном, домаќин на се тоа што ствара пекол
и што прави да сум јас ханибал лектор
отворени чакри и сетило шесто
во огледалото јас го гледам ѕверот
небово е темно ноќва
сам чекорам по пат градов смрди на очај
и не би ме препознал низ мракот
имам закопчан капут до вратот, и на глава црна капа
ми фали уште мачета под ракав
да бидам раката од која многу ќе добијат казна
и нема втора шанса, нема назад
штом идеи крадат од хендикепите што ги прават
така маката им создава блокада
зашто доаѓа тоа од кое најмногу се плашат
[рефрен 2 х2]
сум непознатото, чуден е нагонот
сум непознатото, во мене ѓаволот
сум непознатото, чуден е нагонот
сум непознатото, во мене ѓаволот
letras aleatórias
- letra de mind's on you - tnan & avestra
- letra de crocante - el cuis
- letra de gyngehest - wpk
- letra de por amor - christine d'clario
- letra de niks aan doen - russo
- letra de skinless bible - hex.exe
- letra de family tree - ramz
- letra de no time for shame - ethan c. davis
- letra de push - joeyak
- letra de rowboat mayor - they might be giants