letras.top
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

letra de ne sakam da porasnam / не сакам да пораснам - tasev

Loading...

[интро]
не сакам да пораснам, сакам да сум дете
не ја не сакам да пораснам, сакам да сум дете

[строфа 1]
а кој би сакал ајде прашај ги сите
колку е животот битен, секој е љубопитен и знае
дека нема, поискрено и чисто
од детска насмевка и радост и ништо слично
и сум мислел сум голем, но сега сфаќам, не
пораснавме, но уште деца ќе бидеме, да
а каде патот ќе не води уште не знам
јас сум пијан од рапов, воопшто нејќам да се трезнам
и колку пати ми рекле дај воозбили се
и знам пак ќе ми речат, но јас сум таков бе
да можам верувај без престан ќе се смеам
јас ретко сум тажен знам и без причина да пеам
зошто, еднаш се раѓаме и еднаш сме живи
ми треба само позитива, не ми требаш со мислите сиви
а дур пораснеш, нема да сфатиш ете
дека супер е и сега но секад ќе сакаш да си дете

[рефрен:]
продолжувам се смеам, секогаш ќе бидам таков
секогаш позитивен, секогаш ми треба малку
не сакам да порснам, сакам да сум дете
не ја не сакам да пораснам, сакам да сум дете

[строфа 2]
битни се ставрите што немаат цена
јас сум научен да давам, затоа не знам да земам
знам да ценам, се што е мое ќе дојде
се што правиш од љубов, неможе никад да пројде
а слушни, можеш да купиш куќа, но не и дом
можеш да купиш и кревет, но не и мирен сон
можеш да купиш часовник, но време не
а време секогаш ќе фали да имаме повеќе
ама полека, животот не е права писта
запамти, најмека перница е совеста чиста, хеееј
имаш богатство, за кое уште не си свесен
тешкиот живот, го прави овој живот лесен
лоши деца нема, има само лоши родители
без манири, морал, карактер и вредности
па гледаш ли, стигнав да пренесам мудрости
и еве кажувам фала на моите родители, јоууу

[рефрен:]
продолжувам се смеам, секогаш ќе бидам таков
секогаш позитивен, секогаш ми треба малку
не сакам да порснам, сакам да сум дете
не ја не сакам да пораснам, сакам да сум дете

letras aleatórias

MAIS ACESSADOS

Loading...