letra de еј, битола (ej, bitola) - sefedin bajramov
ајде, пајтони, кротко терајте
по сокаците, крај дуќаните
ширум чаршија, покрај саат-кула
по широк сокак, по тумбе кафе
да се видам јас со другарите
со другарите, со еснафите
еј, битола, бабам битола
во мерак песни си опеана
битолчани – вечни бекрии
на вино, песни, се мераклии
стари другари, дали помните
за пазарите и дуќаните
за времињата на конзулите
за вечерите по меаните?
и за песните по сокаците
и за момите на пенџерите?
еј, битола, бабам битола
во мерак песни си опеана
битолчани – вечни бекрии
на вино, песни, се мераклии
ајде, чалгии, тивко свирете
тивко свирете, песна запејте
песна убава, стара битолска
градска, бекриска ем мераклиска
бесна душава да си опијам
да ја слушам јас и да умирам
еј, битола, бабам битола
во мерак песни си опеана
битолчани – вечни бекрии
на вино, песни, се мераклии
letras aleatórias
- letra de garbage vent song woooooooooooo - kittydog
- letra de all to myself - ava kolker
- letra de тебе (you) - pollary kid
- letra de brother - tommaso
- letra de улетай - thmflores
- letra de who to blame? - mizzle mac
- letra de hujan - soul and kith
- letra de pride - kassidy miles
- letra de blood drunk - corella
- letra de versace - lil housy