letras.top
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

letra de sakam - s.a.m. (nikola trpeski)

Loading...

не би ни виделе ден очи, сем почит
кон ноќите црни во кои се губиш ти
знам, ќе е грев ќе е злочин
ако дозволам да пропуштам да сфатам како љубиш ти

ти, ти си пред мојот хоризонт на видик
види, со очи што не виделе преку ѕид и
ѕирни, пред тебе сум од спротива
мирни прсти но мисли се противат

по стотти пат, посегнувам по листови бели
ум цел свемир, се прашувам што ли ме дели?
тебе да ти напишам увертира
за почеток, мелодии во главава свират

како а да не е до самата помисла
стих што би пишал, здив што би вдишал а да не помислам
на лик ко никоја, она лик ко мене никола
налик на милоста и убоста а не знам ни пола

зборови, боли ко немо здраво
или тивко збогум, кажано на место право
уште пред да те сретнам е крајот
и мислам крајно е да ослепај од сјајот
јас само …

не би ни виделе ден очи, сем почит
кон новите зори во кои се будиш ти
знам, ќе е грев ќе е злочин
ако дозволам да пропуштам да сфатам како љубиш ти

потпри се, облечена откри се
голиот ум ќе открие, без ништо да сокрие
буди се ако спиеш, криеш се што стварност ти е
од стравот ли е ? мислам дека знам како ти е

ако исто ни е, очите ни се огледало
понекогаш мечтаеш како би изгледало
сами самите сега, наместо самите сами од вчера
низ денови случајни со сила која тера

да бладам од желба, можеби, се изгубив , прости …
сакајќи да ги изгубам моите прсти, низ твоите коси
поради тоа што си …
грееш душа уморна ко чевли на дете со нозе боси

и не е восхит што си во стих сместена
ни песнава вака напишана, наместена
не е ни клише, е само улава смелост
која ме натера да те опеам во целост
јас само …

letras aleatórias

MAIS ACESSADOS

Loading...