letras.top
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

letra de grevot na gradot - nikola-s.a.m.

Loading...

[строфа 1: с.а.м]
тетово град ко содома и гомора
живи под чад ко во логор и комора
говор на омраза, помор на љубов, одозгора навира љубомора
не би ни помогнал никој ни некој, во неспокој чекаш излез
а неизлезен од пекол братот седи заглавен и го гризе
душата, гледајќи што под крушата денеска паѓа и се распаѓа
младина која пропаѓа заради нешто што им се допаѓа
ко дрогата у раката, медиумот у главата
курвите, парите, колата, славата
се што е погрешно го прават за забава
а се што опива, го има на набава
а не си ни самите криви, им го оставиле светот скапан пред нив
родителот дома спие, а тој повраќа пена и е без здив
па како ќе воспита? нонстоп на работа
нема слободен, кисни у сабота
а дома ракија, синот у очи не го гледа, па нели е срамота?
да го кривиш и него, синот не би скршнал да не беше скуп лебот
сметка пресметана невидено смета на џебот, сега удира гревот
солза од окото, која капе накај свеќата која свети во ноќите
во собите темни, нема струја, покриени седиме, молчиме, плачеме
тоа е, маката удира, лошото чука на врата
колку да му платам? зема тој што сака
вели, „пак ќе се вратам“, а јас, никако да го сфатам
како ли не зема се од еднаш?
веднаш нека грабне и нека бега
ако земаш од мене, земај, моментот ти е сега

[рефрен: rootsman i]
i see di living in this town
with this wickedness around
can’t get no freedom time, yeah
i see di living in this town
with this wickedness around
see dem people getting crazy
i see di living in this town
with this wickedness around
can’t get no freedom time, yeah
i see di living in this town
with this wickedness around
people get a little bit crazy

[строфа 2: с.а.м]
нов ден, проблем никако да допре, гневот е поткре-пен
од неуспех, потсмев од човек, наводно спосо-бен
и повисок, унија и партија, на партијата шах тие се пиуни
кралот ги држи децата на дланка, а си ги чува ловците шпиуни
за утре, ако пукне бунт од тој шунт, нови дрва да собере
не за огрев, туку марионетите под конец да си ги подбере
во градот кај што право значи дека си крив
во градот кај што „браво“ не велат дур си жив
па, не викам дека ме чека утре, но добро знам дека живам сега
иако гледам беда, срања следат, стравот не ме плаши, одамна не бегам
ја сум таа црна точка што им смета, бубачката во нивниот систем
црна кутија во авионот, сиромав, но сепак писмен
ја сум народот и гневот негов, ја сум молецот што му е у џебот
навидум празен, сув и небитен, но секоја трошка е битна за лебот
ја сум братот заглавен у пекол и тоа што ти не си го рекол
ја сум мислата на мојот мозок и човек на мојот век кој
направи под круша да падне орев, тврд ко камен, суров ко вистина
да оживам мисла за да речат, „градот воскресна навистина“
маршираат слепите, јас сум само еден од секои сто со око здраво
кој го кажува она за што молчат во тетово градот

[рефрен]

letras aleatórias

MAIS ACESSADOS

Loading...