letra de zabeleshka - dudo
дудо – забелешка (текст)[verse 1]
да си дел од hc културата ја знаеш ли формулата
седни со другарка крај на гоце статуата
водете hc дијалог, пропратен со hc пијалок
дебати на пијано за наука веднаш по фиљанот
па ненадејно, пред споменикот заедно
наредно, панкери го шутираат топчето шарено
глумат хипици, беснеат, прават што не смеат
штом прочитаат две книги тврдат дека се знаат
кучка со вино се наликва, полошо зар има
завива заради причина занемарлива
го сакам (го сакам) вика кучката
би и удрил шамар кога би сведочел на случката
а истата што ќе ме нарече гад
користи пудра, лептен и се маскира за во град
мава body shot, излегува гола, се трие со толпа
врши исхрана автотровна со свои нокти, плус и голта
и после живот урбан online авантура
интернет шема се фура, неписменост, некултура
и да се трудам, со зборови не би ви доловил, не се доволни
разиграни букви обоени, наместа наместо буквите броеви
статус твоја небитна дејност и функција
конјункција со целосен бојкот кон интерпункција
на пример (ми се спие) или (вечер ќе се пие)
до вчера и беше (лето е) од утре (досадно ми е)
си се што не сум, без ум, ти со разум еден без друг
мисли ја хакнал другар потпишан хакер на facebook
а шиграта и е името на саканиот
и не ќе знае да ја промени штом ќе сфати не е правиот
ова 100 насто не е масло на h@x0r
не можеш да се логираш со грешен p-ssword, совет, изгаси caps lock
но стварно не знае, stv nz вели
тешки проблеми, а за да продолжиш најди го копчето any
[chorus 2x]
забелешка во текст, па и во дневник
дури да е класен час во понеделник
забелешка за секој што ми оди на нерви
дури на 10ти јуни и први септември
[verse 2]
рап настан, јас настрана од гужвата пред настап
мразам дружење, ја немам страста за нови познанства
ги пратам буква по буква, се изнаслушав ултра глуп рап
нема да утнат, ќе дојдат текст да ми пукнат, имам уплав
пријде рапер и кажа глуп виц
фалеше ba dum tiss и после труд ист
имал совршен verse, му дадов конечен тест
човечен гест, возеше без харизма просечен текст
бев крајно запрепастен од овој mc несмасен
што без да мисли тврди дека текст празен е прекрасен
сакам да сум искрен, но истомисленик единствен
мнозинство прави систем (тапа рап), никој не писмен
рапери дузина, freestyle уз ритам пулсира
глупи дисови, музика, вицови голема густина
и се преправаат дека не се продаваат
а се би дале да се славни само чекаат да ги побараат
застани, бидејќи пред се си fake и мек
ја гледаш breaking bad и сакаш да се збогатиш правејќи meth
да дилаш после blow, да се коцкаш по 21
не дај боже ране да е следен
си нестабилен и нафуран поднапиен
со сељачки фори како (што пиеш? епа кај ти е?)
и се смееш со џанаци куп за што се има случено
во чие друштво не се наоѓаш случајно
има side-effect, не дека ментално те прај дефект
најнапред, тера да мислиш каде да се најде крек
носи друштво најнепредвидливо, нормален тек
прајте пред средување, па втор и дома ајде трет
па јаде бед (јаде бед) дека нема кеш (нема кеш)
за час ќе прегладнеш, но реши да купиш цигари, а да не јадеш
а сакаш да правиш кеш, а каде и како не знаеш
па средуваш петстотка и за сиромаштија ти песна пееш
[chorus 2x]
забелешка во текст, па и во дневник
дури да е класен час во понеделник
забелешка за секој што ми оди на нерви
дури на 10ти јуни и први септември
letras aleatórias
- letra de każdy ziomek - jaykay x bazooka
- letra de why - lil pezzy
- letra de trika trika - faydee feat. antonia
- letra de are you ready for the big bang - badshah
- letra de bad things (club mix) - jace everett
- letra de trippin' - placid k
- letra de night games by graham bonnet - graham bonnet
- letra de pretty pink - david banner
- letra de the golden palace cypher - gold&palace8
- letra de goosebumps - 777